Британскиот премиер Борис Џонсон повика на масовно вакцинирање со засилувачка бустер доза затоа што омикрон варијантата на коронавирусот се повеќе се шири на Островот.
Британија има рекорден број дневни случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, дури 78.610. Најголем број пријавени во еден ден досега имаше на 8. Јануари – 68.053.
Британија неодамна воведе задолжителни маски во повеќето затворени простори и ковид сертификати за големи настани во Англија за да се намали ширењето на омикрон варијантата.
Експертите посочуваат дека иако предвидувањата се дека овој Божик ќе биде подобар од претходниот, сепак потребно е да се ограничи бројот на луѓе со кои се доаѓа во контакт.
„Добро размислете пред да отидете на некоја забава“ – порача премиерот Џонсон.