Ковачевски: Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО

Промени во раководството на СДСМ ќе има, но сепак ќе останат и дел од актуелните функционери. Ова е изјава на новиот партиски лидер – Димитар Ковачевски.

„Согласно со процедурите ќе имаме седница на Централен одбор на која ќе ги информирам за разговорите со коалиционите партнери. Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО и раководство на партијата кое ќе вклучува членови и на постојното, но и нови лица“ – рече Ковачевски откако Заев му ја предаде функцијата прв човек на СДСМ.

Засега, новиот лидер на владејачката партија не открива детали за тоа кој ќе замине, а кој ќе остане од актуелните функционери.