Заев: Аманетот за Ковачевски е да победува на следните избори

Премиерот Зоран Заев вечерва пред седиштето на СДСМ изјави дека првото нешто што му го порача на новиот лидер на СДСМ – Димитар Ковачевски е да ги чува вредностите на партијата.

„Тоа се слободата, солидарноста, демократијата, еднаквоста и да го чува демократскиот капацитет и потенцијал, затоа што преку оваа партија и е потребен на државата. СДСМ е една од најголемите државотворни партии кои што во сите овие 30 години независност ја одигра својата државничка улога. Аманетот е да победува на следните избори, за да може и СДСМ и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани, рече Заев во изјава за ТВ24.

Екс-претседателот на СДСМ верува дека еден од првите успеси на Ковачевски како нов премиер на земјата ќе биде одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и ЕУ.