Од недела влез во Грција само со негативен ПЦР тест
Само со негативен ПЦР тест и тоа направен 48 часа пред патувањето ќе може од недела да се влезе во Грција.
Министерството за здравство на Грција соопшти дека одлуката е „во рамките на напорите за контрола на пандемијата на Ковид-19“ и ќе стапи во сила во недела наутро. Исклучок ќе има за патниците кои во земјите престојувале помалку од 48 часа.
Иако соопштението првично се однесуваше на патници од Велика Британија и Данска кои доаѓаат во Грција, подоцна тоа беше променето со вклучување на сите земји.
Мерката важи за сите патници, без разлика дали се вакцинирани или не.