Претепаната жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот е приведен

Жената од Гостивар, која два дена била физички малтретирана од својот сопруг, е во животозагрозувачка состојба и се наоѓа на интензивна нега на КАРИЛ во Скопје.

Жената од Гостивар, која два дена била физички малтретирана од својот сопруг, е во животозагрозувачка состојба и се наоѓа на интензивна нега на КАРИЛ во Скопје.

Таа има скршеници на ребрата, крварење во главата и бројни повреди по телото. Засега дише самостојно.

Семејното насилство го пријавил нејзиниот татко, по што жената од гостиварската болница била пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Од Обвинителството велат дека правната квалификација ќе биде одредена согласно доказите.

„Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, вели Обвиниелството.