
Забележан дрон синоќа го наруши работењето на аеродромот Келн/Бон во Германија, поради што привремено беа прекинати сите полетувања и слетувања во период од околу два и пол часа, пренесе ДПА.
Дронот бил забележан на небото над аеродромот малку пред 22 часот по локално време, соопштија аеродромските власти.
Германската служба за управување со воздушниот сообраќај изврши проверка, по што малку по полноќ објави дека нема опасност.
Од аеродромот информираа дека летовите се повторно воспоставени.
Ниту операторот на аеродромот, ниту службата за управување со воздушниот сообраќај не дадоа дополнителни информации за инцидентот.