Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ си ја врати „Белата палата“

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски кој беше обвинет во случајот „Талир 2“, што наедно значи дека ВМРО-ДПМНЕ си ја враќа белата палата и другиот имот што беа замрзнати со години.

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски кој беше обвинет во случајот „Талир 2“, што наедно значи дека ВМРО-ДПМНЕ си ја враќа белата палата и другиот имот што беа замрзнати со години.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница на ден 26.8.2026 година, разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје.

При постапувањето и одлучувањето, Судот оцени дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Н.Г. од С., како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии. Во текот на постапката Основното јавно обвинителство Скопје, како овластен тужител, не докажал надвор од разумно сомневање дека ГП Бетон имал својство на субјект кој во моментот на склучување на договорите со политичката партија, вршел јавни услуги во смисла на горенаведениот закон, така што не постоела законска забрана за донирање средства од негова страна на политичката партија, ниту пак постоела обврска на обвинетиот како одговорно лице на политичката партија, тие средства да ги врати, информираат од Апелација.