Македонија со нов закон ќе се заштити од инвестиции што ја загрозуваат националната безбедност и стратешките цели

Од денес во процедура во Собранието е Предлог на законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции кој на барање на САД и на ЕУ треба да воспостави систем преку кој ќе се контролира какви странски инвестиции влегуваат во земјата и дали тие се во судир со други стратешки интереси на државата Надлежно за спроведување на законот ќе биде Министерството за надворешни работи и надворешна трговија кое е должно во рок од 60 дена да даде задолжително мислење за инвестиции во таканаречените критички области.

Македонија законски ќе се заштити од странски инвестиции кои можат да бидат закана за националната безбедност, јавниот ред и стратешките интереси.

Од денес во процедура во Собранието е Предлог на законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции кој на барање на САД и на ЕУ треба да воспостави систем преку кој ќе се контролира какви странски инвестиции влегуваат во земјата и дали тие се во судир со други стратешки интереси на државата Надлежно за спроведување на законот ќе биде Министерството за надворешни работи и надворешна трговија кое е должно во рок од 60 дена да даде задолжително мислење за инвестиции во таканаречените критички области.

Критериумите за проверката на странските директни инвестиции според наведеното се поделени во десет области во кои спаѓаат и инвестициите поврзани со фирми или лица што се под санкции на ЕУ или ОН:

1. Националната безбедност, јавниот ред и стратешките интереси;
2. Безбедноста и сигурноста на снабдувањето во критични сектори согласно овој
Закон;
3. Пристапот до и контролата на чувствителни информации;
4. Развојот и употребата на чувствителни технологии;
5. Прашања поврзани со заштита на конкуренцијата, согласно Законот за заштита на
конкуренцијата;
6. Економска и финансиска стабилност;
7. Влијанието врз стратешките интереси на Република Северна Македонија, земајќи ги
предвид пошироките политички, економски и социјални импликации на инвестицијата;
8. Контролата на странскиот инвеститор, особено дали странскиот инвеститор е директно
или индиректно контролиран од влада на трета земја, вклучително и преку значително
финансирање, сопственичка структура или други средства на влијание, и дали правната
рамка на третата земја обезбедува реципроцитет и почитување на начелото на владеење
на правото;
9. Дали странскиот инвеститор, крајниот сопственик или било кое поврзано лице во
сопственичката структура е под санкции донесени од страна на Советот за безбедност на
Обединетите Нации и Европската Унија.
10. Угледот на странскиот инвеститор, вклучувајќи ја неговата инволвираност во
активности кои влијаат на националната безбедност, јавниот ред и стратешките интереси
во РС Македонија или во други земји.

Во законот притоа стои дека под удар на контрола ќе бидат производството и увозот на оружје, инвестиции поврзани со критична енергетска и друга инфраструктура, како транспорт вода, здравство, комуникации, па и медиуми, обработката или складирањето на податоци, воздухопловна, одбранбена, изборна или финансиска инфраструктура и чувствителни објекти, како и земјиште и недвижен имот клучни за користење на таквата инфраструктура. Предмет на контрола и дозвола же бидат и инвестиции поврзани со информатичките мрежи, односно трговско друштво кое е администратор или оператор на безбедност на мрежни и информациски системи;- трговско друштво што развива или произведува чувствителни технологии и стоки и технологии со двојна употреба согласно Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, наменети за извоз, трансфер, посредување и транзит или дел од трговското друштво каде се развиваат или произведуваат такви стоки и технологии.

Ќе се контролираат и инвеститорите што треба да вршат снабдување со критични влезни материјали, вклучувајќи енергија или суровини, како и безбедност на храната; што обезбедуваат пристап до чувствителни информации, вклучувајќи лични податоци или можност за контрола на таквите информации или трговско друштво што дава аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, вклучувајќи ги радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги, што значи дека под лупа би требало да се најдат и медиумите на бизнисмените на Виктор Орбан во земјата, но законот нема ретроактивна употреба.