Филипче: Спремни сме за избори

Ние сме спремни за избори. Утре да се одржат – за утре сме спремни за избори – и со тимот и со програмата, со мастер-планот за Македонија и договорот со граѓаните, кој ќе го презентирам во текот на септември – изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Ние сме спремни за избори. Утре да се одржат – за утре сме спремни за избори – и со тимот и со програмата, со мастер-планот за Македонија и договорот со граѓаните, кој ќе го презентирам во текот на септември – изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Шест точки – јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се одржат следните избори. Сите најважни аспекти во однос на иднината на државата, во однос на зајакнувањето на системот, во однос на благосостојбата на граѓаните во оваа социјална држава, која сега е ставена настрана – ќе бидат јасно и гласно напишани и објаснети. А за избори сме спремни кога и да бидат, но нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака – одговори Филипче на новинарско прашање.

Според него, „човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе“, алудирајќи на премиерот.

– Избори ќе има и ќе се соочиме на изборите кога и да бидат – дали ќе бидат в година или ќе бидат за две години. Изборите ќе се одржат и тогаш граѓаните ќе треба да одлучат помеѓу оваа ненародна, корумпирана и криминална власт и нашите добри политики. Против оваа власт, која е заинтересирана само за себе, сака да купува авиони, да троши народни пари – и ние, кои предлагаме зголемување на платите, зголемување на субвенциите во земјоделството. Сè што оваа власт одбива изминатите 2,5 години, од почетокот од кога владеат – додаде Филипче.

Тој рече дека граѓаните ќе избираат помеѓу оваа власт, која е антиевропска, и оние што ја сакаат интегрирана во Европа.

– Помеѓу оваа власт, која е антиевропска, која нè држи изолирани под влијание на српскиот свет – не го кажуваме ние тоа, Европа го кажува тоа – дека овде влијание има српскиот свет – и ние кои сакаме слободна, развиена Македонија, интегрирана во Европа, таму каде што генерации и генерации порано се бореле да бидеме. Ќе го завршиме тој пат и ќе има правда и европско Обвинителство – сите инструменти на Европа со кои оваа власт ќе одговара – додаде Филипче.