
Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот кој го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР, информираат од ЦУК.
До овој момент нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожара на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, велат од ЦУК.