
Охрид со свечено затворање на 66. издание на „Охридско лето“ – Мјузиклот „Као Какао“ на Долни Сарај
На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски. Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, театар и врвни уметнички достигнувања. Охридско лето продолжува да живее како традиција, како сцена и како вредност која ги поврзува Охрид, Македонија и светот.
На 20 август, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За завршницата на фестивалот публиката ќе има можност да го проследи мјузиклот „Како какао“, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски.
Со завршниот настан, Охрид ќе стави точка на уште едно богато фестивалско лето исполнето со уметност, музика, театар и врвни уметнички достигнувања.
Охридско лето продолжува да живее како традиција, како сцена и како вредност која ги поврзува Охрид, Македонија и светот.