Вечерва 13-то прскање против комарци во Скопје, а инфективна полна со пациенти со западнонилска треска

Сепак, покрај дезинсекциите, годинава Скопје има 35 потврдени пациенти заболени со западнонилска треска, од кои шестмина се критично, а тројца почнаа. Вирусот го добиле на територија на Македонија, затоа што било утврдено дека пациентите не патувале надвор од државата.

Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.

Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци.

Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.

Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци.

Дезинсекција против ларви:

  • 7 мај – авионска дезинсекција
  • 11 јуни – авионска дезинсекција
  • 26 јуни – теренска дезинсекција
  • 10 јули – авионска дезинсекција
  • 23 јули – теренска дезинсекција
  • 11 август – теренска дезинсекција

Дезинсекција против возрасни форми на комарци:

  • 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција
  • 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција
  • 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција
  • 13 и 15 јули – теренска дезинсекција
  • 30 и 31 јули – авионска дезинсекција
  • 4 и 6 август – теренска дезинсекција

До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика.

Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните.

Сепак, покрај дезинсекциите, годинава Скопје има 35 потврдени пациенти заболени со западнонилска треска, од кои шестмина се критично, а тројца почнаа. Вирусот го добиле на територија на Македонија, затоа што било утврдено дека пациентите не патувале надвор од државата.