(ВИДЕО) Поповски: Реформи во судскиот Совет, борба против корупцијата, нов кривичен законик, деполитизација на јавната администрација

➡Околу прашањето колку стратегијата на чекање и НЕ за уставни промени без гаранции, нови условувања, може да не доведе пред вратите на ЕУ, Поповски смета дека поимот „чекање“ треба да се расчлени на начин што ние не можеме да не ги почекаме политичките одлуки на Европскиот Совет на држави и влади што би требало оваа есен.

„Ако судиме по Реформската агенда, којашто беше наградена со отприлика 65 милиони евра, и како е ова некаков индикатор, сепак водиме европска политика, иако знаеме дека имаме еден сериозен предизвик поврзан со уставните измени, кој предизвикува висок степен на загриженост“, вели за „Трилинг“ политикологот Тони Поповски.

Говорејќи за пораките од Брисел, и дали ние ги читаме како што нам ни одговара, односно дали нашата дипломатија која што ја водиме ќе вроди со плод, Поповски вели дека треба да се направи разлика помеѓу пораките и она што вистински се случува на планот на проширувањето.

„Има една нова динамика во Брисел. Од самитот на Западниот Балкан и Европската Унија во Тиват, има документи со политички предлози кои се на маса во рамките на ЕУ. Не само во Европската Комисија, туку и во телото кое одлучува – а тоа е Европскиот Совет на шефови на држави и влади. Го имате писмото на Мерц, го имате француско-германскиот предлог. Понатаму тој доелаборираше како француско-германски, заедно со државите од Бенелукс, за сега да имаме еден композитен предлог на Европската Комисија, чиј претставник е Марта Кос.

-Сите овие предлози упатуваат на потребата да се овозможи поголема динамика или ефикасност во просеот на проширувањето“, вели Поповски.

Околу прашањето колку стратегијата на чекање и НЕ за уставни промени без гаранции, нови условувања, може да не доведе пред вратите на ЕУ, Поповски смета дека поимот „чекање“ треба да се расчлени на начин што ние не можеме да не ги почекаме политичките одлуки на Европскиот Совет на држави и влади што би требало оваа есен.

Говорејќи за ставот дека државата треба да испорача реформи во судскиот Совет, судската независност, резултати во борбата против корупцијата, нов кривичен законик, деполитизација на јавната администрација, финализација на трите патокази, Поповски смета дека тоа е пакет на активности кој тој ги препорачува.

„Најдобрата дипломатија е вие да ги направите реформите. Ќе биде многу потешко да бидете блокирани ако покажете реформски резултат.

-Понатаму она што јас го предлагам е пакет мерки, кој вклучува инклузивен процес кој би кулминирал со во нашето Собрание, на начин што би се создал национален консензус, да се побара од Европскиот Совет на шефови на држави и влади да се донесат политички заклучоци. Значи да не се менува рамката, туку да се донесат политички заклучоци кои би обесхрабриле блокирање на држави кандидати од страна на држави членки за прашања кои се билатерални. Слични формулации има и во француско-германскиот предлог, смета Поповски.

Целото интервју погледнете го во видеото