Ердоган на Сиљановска-Давкова и подари револвер – таа нема да го користи подарокот

Револвер со кутија муниција, подарок кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го врачи на сите лидери на самитот на НАТО, ќе пристигне во Македонија преку дипломатска пошта.

Револвер со кутија муниција, подарок кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го врачи на сите лидери на самитот на НАТО, ќе пристигне во Македонија преку дипломатска пошта.

Од Кабинетот Сиљановска-Давкова потврдија дека оружјето е примено преку државниот протокол, но претседателката нема да го користи, ниту пак ќе има каков било физички контакт со него.

„По пристигнувањето во Скопје, подарокот ќе биде соодветно евидентиран во претседателскиот кабинет. Постапката понатаму ќе се одвива строго согласно националниот Закон за оружје, со што се гарантира безбедното и законско управување со овој невообичаен државен подарок“, велат од Кабинетот на Претседателот на државата.