Гаши очекува да се разјасни задржувањето на пратениците од ВРЕДИ на „Ќафасан“

Претседателот на Сoбранието – Африм Гаши рече дека е загрижен за постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан, по информацијата дека албанската полиција ги задржала Беким Ќоку и Аднан Азизи од ВРЕДИ, заедно со заменик-генералниот секретар на Владата – Хасим Муртезани.

„Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин Ќафасан. Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат. Поради тоа, секое постапување што го засега нивниот авторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот. Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и транспарентно разјаснување, кое ќе придонесе не само за целосно утврдување на околностите на овој случај, туку и за зачувување на меѓусебната доверба, институционалната почит и духот на соработка што треба да ги карактеризира нашите односи“ – рече Гаши.

Од ВРЕДИ побараа официјален одговор од Албанија за настанот. Оттаму соопштија оти нивните функционери биле задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца поседуваат дипломатски пасоши.