Сончево утро, краткотраен дожд попладне

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 33 степени Целзиусови.

Минималната температура во главниот град ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.