Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека до крајот на оваа седмица, ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува да дува слаб до умерен северен ветер. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 Целзиусов степен.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека до крајот на оваа седмица, ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 40 километри на час. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер – над 60 километри на час и услови за појава на град.