Патници се извлекувале низ врати и прозорци по ударот на трамвајот во Белград

Повеќе од десет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“.

Повеќе од десет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во белградската населба Дорќол, кога трамвај излета од шините и удри во зграда на аголот меѓу улиците „Цар Душан“ и „Книќанинова“.

Според првичните информации од местото на настанот, трамвајот требало да продолжи право по улицата „Цар Душан“, но под сè уште неутврдени околности продолжил кон спореден колосек, по што излетал од шините и удрил во објект покрај патот.

Очевидци сведочат дека по ударот настанала паника меѓу патниците. Дел од нив се обидувале да ги отворат вратите и прозорците за да излезат од возилото, а некои искокнувале од трамвајот. Според сведочењата, вратите не можеле веднаш да се отворат.

На местото на несреќата пристигнале екипи на Итната медицинска помош, полицијата и пожарникарите. Засега не е познат точниот број на повредени, ниту степенот на нивните повреди, но првичните информации говорат дека најмалку десет лица побарале медицинска помош.

Во несреќата е причинета значителна материјална штета на предниот дел од трамвајот и на фасадата на зградата во која удрил. Сообраќајот во овој дел од градот е запрен, а увидот треба да ги утврди причините за несреќата.