Ќерката на Џенифер Лопез повеќе не сака да биде женско
Џенифер Лопез настапи во дует со нејзината нејзината ќерка Ема, која ја доби во брак со Марк Ентони. Пејачката на настапот на својата ќерка ѝ се обраќала со родово неутрална заменка „тие“, пренесува „The Mirror“.
„Последниот пат кога вака пеевме заедно беше на голем стадион како овој и јас ги молев постојано да пејат со мене, но тие не сакаа. Затоа ова е многу посебна прилика“, објасни Лопез.
Џенифер Лопез настапи на хуманитарниот настан на стадионот Dodgers во Лос Анџелес, а Ема со неа ја извела песната „A Thousand Years“. Додека пеела, Ема имала микрофон со боја на виножито.