Радев сака Бугарите во Македонија да се народ, а не малцинство

Бугарскиот претседател Румен Радев од Латвија порача дека „промената на Уставот во Македонија е веќе прифатена работа, прво треба да се случи промената, па дури потоа да почнат преговорите со ЕУ“.

„Билатералните прашања треба да се покренат на ниво на ЕУ во преговарачката рамка. Ова не е само билатерален спор околу историјата, тоа се прашања кои се однесуваат на темелите на ЕУ и по многу состаноци и убедувања европските партнери конечно сфатија дека пристапот за решавање на овие прашања е во европските рамки. Рамноправност на македонските Бугари заедно со другите народи, а не малцинство, никогаш не сме зборувале за малцинство – вели Радев.

Тој смета дека Владата и Народното собрание на Бугарија треба да решат дали билатералниот протокол со Скопје доволно го брани бугарскиот интерес. Сигурен е дека сега „нема време да се укине ветото, нема шанси тоа да се случи сега“.