На прослава во Вашингтон синоќа повторно пукотници. Настрадал 15-годишник, а повредени се уште три лица, меѓу кои и еден полицаец, јавуваат американските медиуми
Се уште не е познат мотивот за пукотниците што се случиле на концертот по повод прославата на 19. јуни, денот кога робовите биле ослободени.
Напаѓачот се уште е во бегство, соопшти тамошната полиција.