Премиерот на Бугарија – Kирил Петков вели дека не го ни прочитал предлогот што го испрати Франција, како земја претседавач со Европската Унија, туку веднаш го препратил во Собранието.
„Тие сакаат да повторуваат одново и одново некакви тези за национално предавство, тези за некакви задкулисни игри при решавањето. Не. Тоа што ќе го видите во следните неколку денови ќе биде краен одговор на тоа прашање. Јас како премиер нема да донесам никакво решение освен ако тоа решение не биде донесено првенствено од бугарскиот парламент и јас ќе ја исполнам волјата на бугарскиот парламент. Ако за решение нема време, јас ќе чекам додека тоа решение биде донесено. Сега наредната недела одам во Брисел и од сега кажувам ако нема решение на бугарскиот парламент за една или друга насока, единственото нешто што ќе се каже кога ќе седнам на масата со сите други лидери од Европа, јас ветувам дека тоа решение ќе треба да се донесе од бугарскиот парламент и доколку тоа не е донесено, јас нема ништо да направам, никаква промена во бугарската позиција“ – изјави Петков.
Тој повтори дека сите одлуки ќе ги носи бугарското Собрание.
„Донесовме решение на Министерскиот совет каде што рековме секој предлог од секого во Европа треба автоматски да оди во парламентот. Така нема да испадне јас да решавам дали да оди во парламентот или не. Автоматски од Брисел во бугарскиот парламент. И денеска кога дојде предлогот од француската страна во Брисел, веднаш отиде директно во комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент без да помине дури ниту преку министерскиот совет“ – изјави бугарскиот Петков во интервју за „БНТ“.