Реакција од медиумските здруженија дека може да се врати корупцијата во малите приватни медиуми, откако има најава дека може да се врати владиното рекламирање во приватните медиуми.
Неодамна силна реакција од новинарските здруженија за изборот на медиуми за следење на владината делегација во странство.
„Таа практика дека може да биде платен престојот на ангажманот на одредени новинари во странство е нешто што беше проблематично во минатото. Нејасно е зошто сегашниот естаблишмент се обидува да ги копира тие постапки. Свесни сме дека медиумскиот сектор е во криза, треба да се размислува за потенцијална помош, но не по секоја цена“ – вели Драган Секуловски од ЗНМ.
Лилјана Пецова – извршниот директор на Советот за етика во медиумите вели дека „реакцијата е да се посочи дека треба да има јасни критериуми кој се известува од настани кои се од јавен интерес. Сакавме да ја запознаеме јавноста за обврските што ја има Владата за обезбедување информации од јавен настан“.
Нури Бајрами од ДКСК смета дека „Антикорупциска не може да се занимава со целата регулатива која се однесува на сите институции во државата“.