„Она што не е добро, тоа е кога политичарите зборуваат за историја. Често тие го разубавуваат минатото, а со тоа само се усложнуваат проблемите. Тие не ја бранат историјата, туку креираат политичка митологија. Ова е политички проблем, но историографските проблеми не можат да бидат издигнати на толку високо ниво. Решението е меѓусебно почитување и многу работа на проекти кои ќе доведат до зближување на двата народи“ вели Петар Тодоров – историчар во најновото издание на Трилинг.
Тој вели дека „сега односите со Бугарија се на најлошо ниво од шеесетите години. Овој спор не е нов, тој постои долго време, а сега само доби на жестина. Двете елити во двете држави, треба да не дозволат да прерасне во спор меѓу двата народи. Ако се случи такво нешто, решавање на спорот ќе е невозможно“.
„Разликите во двете историски комисии се во различниот пристап и методологија на работа, оттука произлегуваат проблемите, долги дискусии без резултат. Комисијата треба да даде препораки како да се подобрат учебниците“ вели Тодоров.