Беса Адеми: Недостасуваат судии, по 1. јули до крај на година 60 судии одат во пензија!

„За меѓународниот фактор, за нас судиите, но за државата, најважно е судството да функционира самостојно, независно и непристрасно. Да биде ослободено од сите влијанија надворешни, и притисоци. Да има судии со цврст интегритет и стручно знаење, не е доволно само да се менуваат закони, треба и да се применуваат. Реформите значат и менување на правната и судиската култура и свест“ вели Беса Адеми – претседателка на Врховен суд во најновото издание на Трилинг.

Адеми смета дека „судството располага со свои механизми да ја спроведе потребната проверка на судиите. Но критериумите треба да се засноваат на професионалните стандарди. Факт е дека во судството недостасуваат судии, што покажуваат и анализите. Дополнителен проблем ќе настане и со измена на законот за работни односи, од 1 јули до крај на година 60 судии ќе заминат во пензија. Се обидуваме да ја надминеме состојбата, за да не се одрази врз ефикасноста“.

„Голем број на судии се разрешени во последно време, судиите треба да судат во согласност со Уставот, но ако има коруптивни елементи, надлежен за разрешување е Судскиот совет“ вели Адеми.