Маршавелски: Политиката во Хрватска нема никакво влијание врз правосудството!

„Хрватска уште во транзицијата почна да гради независно судство, секое влијание на политика почна да се ограничува, судството само се управува. Тоа беше позитивно за влез во ЕУ, но сега има друг проблем. Се развија центри на моќ во самите судови, претседател на Врховен суд е висока позиција. Тука околу нив се гради круг на моќни судии кои може да одлучуваат кој судија може, а кој нема да напредува. Некои луѓе имаат големо влијание во судството, и може да се јавува корупција. Воведена е и безбедносна проверка кај судиите, нешто како ветинг. Имаше отпор“ – вели Александар Маршавелски – професор по кривично право на Универзитетот во Загреб за најновото издание на Трилинг.

Маршавелски вели дека „сите судии ќе поминат безбедносна проверка, која ќе трае 5 години. За политиката и независноста на судството, лани се заврши еден од процесите против Санадер, потврдена е пресудата, и Санадер и партијата (која е на власт) се осудени. И премиерот, кој е од истата партија, ја прифаќа пресудата, нема да се жалат. Тоа е доказ дека политиката не влијае врз правосудството, штом владејачка партија прифаќа пресуда, значи дека нема непримерно коруптивно влијание“.