Јахтата на британскиот пејач, текстописец и актер Дејвид Боуви кој почина во 2016 година се продава.
Јахтата „Ел Каран“ која е долга 39 метри изработена од италијанската компанија „Бенети“ на Боуви му ја доставиле во 1977 година.
Во 2020. година таа претрпела промени, па сега може да прими 12 гости во шесте кабини.
На располагање е и палубата, а внатре има трпезарија со главниот салон и дневен простор.
Кабините се опремени со големи телевизори и бањи со кади.
Јахтата сега се продава по цена од 4,85 милиони евра.