Нема оставки во ДУИ, партиски конгрес до 20. декември – одлучи Централното претседателство
-Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за коалицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата е одлучено до 20 декември да се организираа партиски конгрес – истакна по седницата, портпаролот Арбр Адеми.
Одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки на Демократската унија за интеграција (ДУИ) која денеска во партиското седиште во Мала Речица одржа седница на Централното претседателство свикана од страна на партискиот претседател Али Ахмети.
-Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за коалицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата е одлучено до 20 декември да се организираа партиски конгрес – истакна по седницата, портпаролот Арбр Адеми.
На новинарско прашање дали се разговарало за оставки по резултатите од изборите, Адеми информира дека не се дискутирало по тоа прашање имајќи предвид дека ќе имаат внатрепартиски избори.
-Вчера на прес-конференцијата претседателот Ахмети кажа дека ние пораката ја примивме. На национално ниво сепак, остануваме најголемата политичка опција со над 23.000 гласа повеќе. За некои општини, да, тоа е резултат што веќе го имаме што вчера беше соопштен пред јавноста. И секако дека ДУИ влегува во процес на обнова и затоа се организира и партиски конгрес кој ќе треба да биде одржан до 20 декември, одговори Адеми.