Напната атмосфера денеска во бугарското Собрание. Искри во законодавниот дом меѓу пратеникот на „Продолжуваме со промените“ – Искрен Митев и претседателот на „Преродба“ – Костадин Костадинов, јавуваат бугарските медиуми.
Најпрво Митев рекол дека е јасно кој го предал народот, по што Костадинов му се обратил на потпретседателот на Собранието – Кристијан Вигенин со зборовите: „Овој идиот, ќе му го скршам носот“.
Сепак, Вигенин не му дал збор, нагласувајќи дека не е јасно кому пратеникот Митев го адресирал говорот.
Потоа Митев се извинил од говорницата и им се извинил на децата и другите присутни во салата.