„Инфлацијата во САД е неоправдано висока“
Американскиот претседател – Џо Бајден синоќа рече дека индексот на потрошувачките цени и инфлацијата во САД е неоправдано висока.
„Тоа е пробем за американските семејства низ целата земја, а нејзиното намалување е главен економски приоритет на претседателот Бајден“ – се вели во соопштението.
Планот на Бајден за борба со инфлацијата е насочен кон намалување на дефицитот на федералниот буџет, а исто така и намалување на секојдневните трошоци на Американците.
Бајден истакна дека буџетската управа на Конгресот на САД соопшти дека дефицитот на федералниот буџет за првите пет месеци од оваа фискална година се намали за 1.5 трилиони долари. Покрај тоа, дефицитот на буџетот годинава е понизок од тој за периодот од 2019 година, пред почетокот на пандемијата Ковид-19.