Евакуирани 20 училишта во Белград, имало дојава за бомби
Во главниот град на Србија – денеска дваесетина средни училишта и гимназии добиле дојава за подметната бомба. Учениците и професорите веднаш биле евакуирани, а известено било Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција.
„Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет“ – изјави првиот вицепремиер и министер за образование – Бранко Ружиќ.