„Извонредно искуство во Париз, имавме преубав прием и од публиката и од организацијата. Беше предизвик за сите кои ја создававме претставата, го најдовме вистинскиот модус. Покрај талентот, треба да имаш од се по малку, креативност, знаење, начин на комуникација, начин на воспоставување релации. Нашите претстави се нашата лична карта. Како Скопје – танцов театар
секогаш тоа го правиме, се запазуваат квалитетите, тоа е нешто што не прави препознатливи“ – вели кореографката со 32-годишно искуство – Рисима Рисимкин во најновото издание на Трилинг.
Кореографката вели дека „многу треба работа колку и да се танчерите талентирани. Една лекција која јас ја научив е дека сите имаат идеи, ретко кој ја реализира во целост, мора да се реализираат“.