„Добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе бидат стабилни и неповратни кога историската вистина ќе нѐ обедини“.
Ова во објава на Фејсбук го напиша бугарскиот претседател Румен Радев каде објавил дека на 4. мај ќе се одбележи годишнина од смртта на Гоце Делчев во Софија.
„На 4. мај славиме 119 години од смртта на Гоце Делчев. Националната конференција во негов спомен е израз на нашата длабока почит кон животот и делото на овој голем апостол на слободата на македонските Бугари“ – пишува Радев.
Националната конференција „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“ ќе се одржи на 4 мај во Националната палата на културата во Софија.