Русија и се закани на Јапонија

Русија и се закани на Јапонија со одмазднички мерки доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират кон источните граници на Русија, пишува „Си-Ен-Ен“.

Ова претставува само продолжение на конфликтот меѓу Москва и Токио.

Русија е бесна што Јапонија и даде недвосмислена поддршка на Украина и се приближува до земјите-членки на НАТО. Русија и Јапонија имаат нерешени односи од крајот на Втората светска војна поради островите кои тогаш беа окупирани од советските сили.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија – Игор Моргулов изјави дека американско-јапонските поморски вежби се „потенцијално од навредлива природа“.

„Таквите постапки на јапонската страна ги сметаме како закана за безбедноста на нашата земја. Доколку таквата практика се прошири, Русија ќе преземе одмазднички мерки во интерес на зајакнување на своите одбранбени капацитети“ – истакна Моргулов.