Доларот највисоко котира во последниве 5 години
Финансискиот пазар е несигурен, па поради тоа вредноста на американскиот долар постојано се зголемува, во споредба со референтните валути. Сега доларот достигна највисоко ниво во последниве 5 години.
Индексот на доларот во однос на шесте најважни светски валути изнесува околу 103,28 бодови, додека вчера тој однос изнесуваше 102,37 бодови.
Доколку доларот дополнително зајакне на 103,82 бода, тоа ќе биде највисока вредност на неговиот индекс од 2002 година.
Изутринава односот на доларот кон јапонската валута порасна од вчерашните 127,45 на 129,65 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0525 долари што е најниско ниво во изминатите пет години. Еврото вчера изнесуваше 1,0635 долари.