Генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш во изјава за „Си-Ен-Ен“ вели: „Војната во Украина ќе продолжи се додека Русија не одлучи да стави крај“.
„Војната нема да заврши со состаноци. Војната ќе заврши кога Руската Федерација ќе одлучи да ја прекине и кога по прекинот на огнот ќе има можност за сериозен политички договор. Можеме да имаме различни состаноци, но тоа не е она што ќе ја заврши војната“ смета тој.
За тоа каква улога ОН имаат намера да играат во истрагата за наводните воени злосторства извршени во Буча и на периферијата на Киев, Гутереш повтори дека тоа треба да го реши „независна истрага“.