Дритан Абазовиќ – мандатарот за состав на новата црногорска влада официјално ја предложи структурата и составот на својот кабинет, за кој пратениците на Собранието на Црна Гора ќе одлучуваат утре во Цетиње.
Според поднесената Програма за работа, во кабинетот на Абазовиќ ќе има 18 министерства, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор, информираат тамошните медиуми
Абазовиќ за вицепремиери ги предложи Јована Маровиќ, извршна директорка на невладината мрежа Политикон, Владимир Јоковиќ, лидер на просрпската Социјалистичка народна партија (СНП), поранешниот министер за внатрешни работи и финансии Рашко Коњевиќ и поранешниот потпретседател на црногорскиот парламент Ервин Ибрахимовиќ.
За министер за надворешни работи е предложен поранешниот претседател на парламентот – Ранко Кривокапиќ.