Во училишта и во неколку црногорски општини утринава пристигнале дојави од закани со бомби.
„Ги замолувам моите сограѓани да останат смирени, полицијата ќе си ја заврши работата и ќе ги евакуира луѓето од училиштата каде е примена заканата, како и од општинската зграда. Страшно е некој на овој начин да се заканува со човечки животи. Ќе останам во општинската зграда додека не се евакуира последниот вработен“, изјавил претседателот на општина Никшиќ – Марко Ковачевиќ.
Портпаролот на општина Цетиње изјави дека општинската зграда е евакуирана, извршен е претрес и не се пронајдени експлозивни направи.
Основните училишта во речиси сите црногорски градови утринава беа евакуирани откако на електронските адреси на директорите пристигнаа анонимни дојави за бомби.