Во Србија по 2.550 евра за секое првородено дете
Српскиот претседател, Александар Вучиќ најави зголемување на финансиската поддршка на семејствата за првороденото дете од 100.000 на 300.000 динари (2.550 евра).
„Полека исчезнуваме како народ, не има се помалку, а податоците покажуваат дека наталитетот е нешто над 1,5, а потребно е за едноставна репродукција 2.15. Сите светски експерти размислуваат за овој проблем со децении. Ние старееме и нашиот економски напредок ќе зависи од тоа колку ќе успееме да обезбедиме напредок на нашата нација со подобри мерки“ изјави претседателот Вучиќ.
Тој рече дека досегашното правило е за второ дете помошта од две години да биде 10.000 месечно, а за трето дете 12.000 динари месечно цели 10 години.
„Работиме на нови мерки за второ дете посебно и таа помош ќе биде зголемена. За студентите ја носиме мерката доколку девојка забремени и роди дете, за неа не важат испитните рокови, како и за сопругот, таткото, кој е студент. Ќе поставиме рокови за обичните факултети да завршат до 26 години, а медицинските до 28 години. Така, добиваме дека не мора да паузираат поради раѓање на дете и да ги пропуштат испитните рокови, туку секогаш ќе можат да полагаат без дополнителни трошоци и нова година“ – објасни Вучиќ.