Д-Р СТЕВАНОВИЌ: НЕМА ПРАЗНИ КРЕВЕТИ НА ИНФЕКТИВНА – ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ТРАЕ ВЕРОЈАТНО ДО КРАЈОТ НА ИДНАТА ГОДИНА

Загрижувачки е порастот на заболени од Ковид 19 кај младата и невакцинирана пополација. Пациентите кои сме ги хоспитализирале со Ковид 19, кои претходно биле вакцинирани имаат далеку полесна клиничка слика од тие што не се вакцинирани, вели директорката на Клиниката за инфективни болести д-р Милена Стевановиќ.

Таа за веб порталот „Трилинг“ се осврнува и за можноста од рестриктивни мерки додавајќи дека пандемијата веројатно ќе трае до крајот на идната година.

Во Македонија засега не е дијагностициран пациент со делта плус сојот на коронавирусот, потврди министерот за здравство, откако Институтот за јавно здравје направи секвенционирање на вирусот во нивните лаборатории. Токму затоа, здравствените власти сметаат дека во овој момент е важно да се зголеми опфатот на вакцинација, за да се задржи, како што велат, стабилната епидемиолошка состојба.

Директорката на Инфективната клиника – каде се лекуваат најтешките пациенти, д-р Милена Стевановиќ, вели дека пациентите кои се вакцинирани, а завршуваат на болничко лекување сепак поминуваат полесно отколку невакцинираните.

ВАКЦИНИРАНИТЕ ИМААТ ПОЛЕСНА КЛИНИЧКА СЛИКА

„Вакцинацијата во што поголем број е најефикасниот метод за превенција од инфекцијата и за евентуална полесна клиичка слика, ефикасноста на вакцините секако ќе варираат со појавата на новите соеви на вирус, а од пациентите кои сме ги хоспитализирале со Covid кои претходно биле вакцинирани, имаат далеку полесна клиничка слика од тие што не се вакцинирани. Јас сум човек кој стимулацијата ја смета како подобра метода, но сите ние реагираме различно на мерките и ако е решение рестриктивна мерка, тогаш и таа треба да се примени“, вели д-р Стевановиќ.

БОЛНИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НА ИНФЕКТИВНА СЕ ИСПОЛНЕТИ

Сепак д-р Стевановиќ вели дека тешко е да се предвиди каква ќе биде состојбата со ковид, особено зимава. Болничките капацитети на Инфективна се веќе подолго време речиси целосно исполнети со пациенти.

„Во моментот имаме 80 хоспитализирани пациенти на различна возраст, на жалост меѓу нив има и млади пациенти во тешка здравствена состојба. Најголем дел од пациентите се со различни комобирдитети кај кои и очекуваме да има тешка клиичка слика, а имаме и пациенти кои немаат коморбидитети, а нивната клиничка слика е тешка и исклучително тешка и сериозна. Од почетокот на пандемијата до сега повеќе од 212.000 граѓани се дијагностицирани со КОВИД 19, околу 197.000 се водат како оздравени, а 7.464 починаа како резултат на компликации од вирусот. Дали после две години се гледа крајот на пандемијата?

Д-р Стевановиќ вели: „Не верувам дека некој навистина го знае вистинскиот и точен одговорот за крајот на пандемијата, но повеќе од се сум сигурна дека до крајот на следната година секако ќе имаме многу работа со Covid“.

Првиот случај регистриран со КОВИД 19 во Македонија беше на 26-ти февруари 2019-та година.

И.С.