Филипов: Бугарските институции најавуваат расветлување на причините за трагедијата
Долгогодишниот бугарски новинар Костадин Филипов ексклузивно за „Трилинг“ за несреќата во Бугарија
Голема трагедија. Сите големи телевизии во своите први програми на „Вести“ рано наутро во 6.00 часот по наше време почнаа да информираат за трагедијата.
Откако екипи беа испратени на локацијата, во студиото беа поканети стручњаци за безбедност на патиштата и изградба на патишта. Направени се обиди да се види како реагираат медиумите во Скопје, но стана јасно дека таква реакција се уште нема.
Техничкиот премиер Стефан Јанев, министерот за внатрешни работи Бојко Рашков се упатиле на местото на инцидентот, а потоа биле во болницата „Пирогов“ каде што биле пренесени 7-те преживеани.
Министерот за внатрешни работи Рашков изјави дека во својата долгогодишна пракса како истражител никогаш не видел ваква ужасна слика.
Претседателот Радев му се обрати на претседателот Пендаровски и изрази длабоко сочувство. Пред малку имаше прес-конференција на премиерот Стефан Јанев со неговиот колега Зоран Заев кој беше во болница и ги виде преживеаните. Премиерот Јанев рече дека и Бугарија ќе прогласи ден на жалост.
На сите институции на бугарската држава им е наредено да работат на тоа за да се разбере вистинската причина за катастрофата.
Лично, на Фејсбук го изразив моето најискрено и најдлабоко сочувство за жртвите.