Шеснаесет лица кои беа повредени откако се запали панорамско тркало на фестивалот во Лајпциг се згрижени во болница, соопшти денеска полицијата.
Меѓу повредените има четири лица со изгореници и едно лице со повреда при пад, соопшти полицијата. Никој од повредените не е во животна опасност.
Во врска со пожарот, лекарска помош им е укажана на 65 лица, соопшти полицијата, без да даде информации за возраста и полот на повредените.
Несреќата се случила кога вчера околу 21 часот се запалила една од кабините на панорамското тркало. Пожарот потоа се проширил и на втората кабина, јави ДПА.