Осумгодишно дете ненадејно паднало и починало пред очите на родителите

На Халкидики во Грција осумгодишно дете паднало и починало пред очите на родителите.

Трагедијата која се случи синоќа ги потресе мештаните и туристите.

Иако брзата помош пристигнала за многу кратко време и се обиделе со реанимација, несреќното дете немало начин да се спаси.

Мештаните велат дека неговите родители имаат куќа во Јерисос и дека секогаш доаѓале тука преку лето.

– Во шок сме. Нашиот мал пријател го нема. Причината за смртта ќе се утврди при обдукцијата. Ненадејно не напушти и веста за неговата смрт се прошири како гром – изјави градоначалникот Аристотелис Валијанос.

Тој вели дека сите останати се шокирале кога виделе дека не можат да го оживеат детето.

– Сите во шок гледаа како животот на мало дете завршува така ненадејно. Брзата помош пристигнала за кратко и детето веднаш било префрлено во болница, но за жал, не можеле да направат ништо – изјави градоначалникот.

Наводно, детето имало тонзилитис (воспаление на крајниците) и има индиции дека поради тоа боледувало од акутен перикардитис (воспалително нарушување на срцето).