Претставникот на Демократската партија на Косово – Беким Хаџиу изјави дека кандидатот на таа партија – Бедри Хамза ќе биде нов премиер на Косово по изборите на 9 февруари 2025 година.
Хаџиу на Фејсбук изјави дека актуелната власт е во заминување.
„Со објавувањето на датумот за избори на 9 февруари 2025 година, Владата на Курти е влада на власт, но и во заминување. Бедри Хамза ќе биде нов премиер“ – рече Хаџиу.