Најмалку 14 лица загинаа, а 19 се повредени кога автобус удри во карпа во областа Абра дел Кондор кај Тарија, Боливија.
Повредените се пренесени во блиската болница Сан Хуан де Диос, пренесува Лос Тиемпос.
Според полицијата до несреќата дошло поради механички дефект на возилото.
Локалните медиуми јавуваат дека во автобусот имало 33 лица, а состојбата на повредените се уште не е позната.
Тарија се наоѓа на околу 900 километри јужно од главниот град Ла Паз, во близина на границата со Аргентина.