Преговарачкиот тим на Израел го информираше премиерот Бенјамин Нетанјаху за последната рунда преговори за прекин на огнот во Газа, што заврши во петокот во Доха, и изрази внимателен оптимизам за можноста за напредок во договорот, соопшти денеска неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека Нетанјаху бил информиран за американскиот предлог за намалување на разликите во барањата на Израел и Хамас и „кој содржи компоненти кои се прифатливи за Израел“, пишува Тајмс оф Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека договорот за прекин на огнот во Појасот Газа е „поблиску од кога било досега“.