„Се ожени Силвио Берлускони, долго време одеше, на 85 години. Да се вечни младите, да се ќердосаат“
„Роди ме мајко пензионер, па фрлиме во Македонија – добија бесплатно возење во Скопје. Ќе добијат и илјадарче од Владата, наредните 3 месеци. Тоа се 30 денари на леб, не е ниту еден леб“
„Артан Груби панда на најниски гранки, работи за само 70.000 денари“
„Четири скопски општини отвораат нови работни места, нормално, партиски вработувања“
„Борба меѓу ВМРО и СДСМ, кој е поголем голтар“ – вели меѓудругото Божидар Божиновски – Моџо Килингтон во рубриката (Не)реално со Моџо.