19-годишник „сакал да слави Божик“ со кралицата во замокот Виндзор, сега е во притвор

Во Лондон е уапсен 19-годишник затоа што ја загрозил безбедноста на замокот Виндзор, каде кралицата Елизабета го прославува Божик.

„Мажот е уапсен под сомнение дека провалил во заштитена локација и поради поседување на офанзивно оружје. Тој во моментот е во притвор, соопшти началничката на полицијата Ребека Мирс.

Мирс додаде дека покренати се безбедносните процедури во моментот кога мажот влегол на имотот, но не успеал да влезе во ниту еден објект, а за инцидентот биле информирани членовите на кралското семејство.