Зголемен број заболени од Ковид 19 во Албанија – причина е сојот Омикрон

Завчера беше потврдено присуство на новиот сој Омикрон во Албанија, а денеска надлежните објавија зголемен број на новозаразени со опасниот вирус.

Епидемиолозите предупредуваат за нов бран, посебно по божиќните и новогодишни празници поради големото присуство на иселеници кои нив ги минуваат во родниот крај, семејните и други групни собирања.

Тие апелираат на строго почитување на антиковид мерките и што поитна имунизација.

Во Албанија, од 11. јануари кога почна вакцинацијата до сега аплицирани се 2.103.351 дози, од нив 1.072.645 примиле прва доза, 961.013 две и 67.381 трета доза.