154 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.